Форбс во ЈИЕ изданието од февруари 2014 посветен на најуспешните компании во развој од регионот, содржи интервју со основачите на ИВОТЕ, македонска компанија специјализирана за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење.
Визијата и истрајноста на основачите на ИВОТЕ се главната движечка сила која придонесе да се создаде компанија која е светски лидер во управувањето со изборните процеси и притоа се стекна со меѓународна препознатливост.
Водечкото софтверско решение, ИВОТЕ Демокра, претставува интегрирана платформа која овозможува детално и сеопфатно управување со сите изборни процеси. Технологијата на Демокра придонесе за навремени, транспарентни и веродостојни изборни резултати во многу демократии во светот. ИВОТЕ неодамна ја доби престижната награда на Европскиот инвестициски натпревар.
Натпреварувајќи се со повеќе од 800 компании во развој од цела Европа, ИВОТЕ беше издвоена како компанија со најголем потенцијал за интернационален развој.
Во интервјуто, основачите истакнуваат дека ИВОТЕ прерасна во регионален лидер за имплементација на софтверски решенија наменети за изборните комисии. Со технологијата на ИВОТЕ Демокра досега се обработени повеќе од 107 милиони гласачи ширум свет. Таа во претходниот период беше користена на изборите во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Еквадор.
За идниот период, ИВОТЕ усвои амбициозна стратегија за глобална експанзија, особено во САД, ЕУ, Централна и Источна Европа и Африка. Компанијата сега е во потрага по нови партнерства и инвеститори за поддршка на својата стратегија.