Кавадаречката претстава „Бегалка“ гостува во Пробиштип

begalka_teatar_kavadarci_plakat_1

Театарот „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци на 27 март ќе ја изведе претставата „Бегалка“ во домот на културата во Пробиштип, по повод Светскиот ден на Театарот.

Претставата е работена по текстот на Васил Иљоски, а во адаптација и режија на Александар Малинков.

„Бегалка“ ќе доживее уште неколку изведби на матичната сцена и веќе договорени гостувања низ Македонија.

Паралелно, кавадаречкиот театар започна со подготовка на нова драмска изведба, чија премиера се очекува кон крајот на мај и на почетокот на јуни годинава, на радост на бројните љубители на театарската уметност во Кавадарци.

You May Also Like