Македонија интересна за тур-операторите од Белгија

Во реализација на тимот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Република Македонија има успешно претставување на саемот за туризам во Брисел, Белгија.


“Единствен ефикасен начин за претставување на Македонија како туристичка дестинација е учеството на саемот во Брисел. Апсолутно исправна и сериозна активност е градењето стратегија за туризам, преку изложбениот простор и модерните промотивни материјали, со цел да се истакнат природните, културните, традиционалните, историските вредности на нашата земја. Потребна е константна, перманентна промоција за да го доближиме туристичкиот потенцијал на Македонија кај Белгиските туристи”- изјави амбасадорот на Република Македонија во Белгија, Лазар Еленовски.

Економскиот промотор за Белгија, Крешник Бектеши потенцираше дека атрактивноста на Македонија како туристичка дестинација ги привлече најголемите тур-оператори од  Белгија.

-Може да констатирам дека ова саемско промовирање на Македонија е многу успешно, имајќи предвид дека имаме поединечни средби со повеќе тур-оператори од Белгија кои имаат голем интерес да започнат да работат со Македонија. Освен JetAir уште два големи тур-оператори ќе започнат да носат туристи во Македонија. Едната компанија е од Фламанскиот, а другата од Валонскиот дел на Белгија. Исто така најголемата Тв  станица во Белгија ова година ќе дојде во Македонија да снима документарен филм за природните убавини, културата, традицијата на земјата. Убеден сум дека со промоцијата што се прави во Белгија како и упорната работа на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и Амбасадата на Македонија во Брисел, бројот на туристи од Белгија ќе има значителен раст наредниве години- вели Бектеши.

“Сметам дека фокусираната промотивна стратегија што ја спроведуваме на целните пазари – вклучително и овој Белгискиот – ќе даде резултати. Но ќе мораме да поработиме и на поддршката на туризмот за да ја подобриме и зголемиме понудата на туристички производи. Во таа насока имаме неколку одлични проекти како: 1) Обележување и мапирање на планинарски патеки, 2) Обележување и мапирање на планински велосипедски патеки, 3) Креирање на електронски пазар за издавање на викендици и станови во туристичките места и 4) Отварање на авто кампови низ цела Македонија. Сите овие проекти ќе имаат огромно позитивно влијание на нашата туристичка понуда за наредните години. Ги повикувам сите граѓани на Македонија кои можеби препознаваат интерес во погоре спомнатите проекти да не контактираат” – изјави Јордан Трајков директор на АППТ.

На штандот на Република Македонија свои пултови имаат  ТА Бадем турс, кои остварија соработка со еден од најголемите тур- оператори од Белгија “Lauwers Reizen”. Исто така успешната соработка со “JetAir “ ќе продолжи и ќе се интензивира во наредните години. Штандот беше посетен и од менаџерите на белгиската фабрика за автобуси Van Hool кои инвестираат во Македонија. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во моментов успешно ги пртетставува туристичките можности и капацитети на  Република Македонија на шестиот по ред саем за туризам оваа година.

You May Also Like