Хрватскиот амбасадор Крамариќ добитник на наградата „Гоцевата мисла“

Златко Крамариќ – актуелниот амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија е првиот добитник на меѓународната награда „Гоцевата мисла“.

Наградата се доделува за културен натпревар меѓу народите, а ја востанови фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“.

Според „Македонија Презент“, „Гоцевата мисла“ му се доделува на проф.д-р Златко Крамариќ за афирмација и популаризација на македонската книжевност, уметност и култура, за воспоставување и негување на меѓусебните културни врски меѓу Република Македонија и Република Хрватска, за континуираното одржување на демократските процеси и перманентното поттикнување на културниот натпревар меѓу народите.

Наградата на Крмариќ ќе му биде врачена во април на годинашното издание на саемот на книгата.

You May Also Like