Работилница за бременоста и породувањето

Работилницата „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“ во организација на Здружението „Лулка“ ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во четврток 24 април 2014 год. со почеток од 18:00 часот.

besplatana_edukacija_za_bremenost_lulka

Бременоста е многу значаен период од животот на секоја жена и на секое семејство. Таа треба да се доживее, да биде придружена со себеспознавање и откривање на родителите во нас. Токму затоа, за сите бремени жени и нивните партнери треба да бидат достапни најважните информации за бременоста, да се даде одговор на нивните прашања, со можност за комуникација и размена на искуства.

Сите заинтересирани може да го најават своето учество на bremenost.lulka@gmail.com или на телефонскиот број 078/377 – 792.

You May Also Like