Фантастично, неверојатно! Во драма натпревар, одлучен во последните секунди, Македонија го елиминираше домаќинот Литванија!
Повторно најефикасен МекКејлеб со 23 поени, но овој пат најважната карика Војдан Стојановски со 5 тројки, и човекот за одлука Владо Илиевски. Со тројката на 11 секунди до крајот и решавачките слободни фрлања, на 0.5 секунди до крајот, стави точка на натпреварот 67:65.
Одиме на Шпанија, и се бориме за медал. Сега се е возможно, нека ни е со среќа!
Напред Македонијааааа!!!