На Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола пристигна првиот голем гостин – еден од најголемите кинематографери, Крис Менџис.
Британецот дојде со сопругата Џудит Ан Менџис и ќе бидат гости на Фестивалот до среда во утринските часови. Во Епинал беше пречекан од претставници на фестивалот. Менџис пристигна во Битола со цел да ја прими „Златната камера 300“ за животно дело, а во вторник од 13.30 во малата сала на Центарот за култура ќе одржи мастер час.