Завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС во Даут пашин амам …
По повод 18 мај, Светскиот ден на музеите, во Националната галерија на Македонија, објектот Даут пашин амам, денес (понеделник, 19 мај 2014 година) во 11:00 часот ќе биде презентирана завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС.
Во изминатиов период деца од предшколска возраст, како и ученици од неколку основни и средни училишта работеа студии во најразлични сликарски техники, инспирирани од нашите репрезентативни дела на македонски ликовни уметници, кои се дел од постојаната поставка на збирката. Акцентот треба да се стави врз интересната компарација со различниот прием и приказ на различните целни групи кон истите ликовни мотиви.
Ликовната работилница е реализирана како дел од годишната едукативна програма , а модератор беше ликовниот уметник Ацо Таневски.