Струга во знакот на Миладиновци

Заменик-министерот за култура на Република Македонија,  Драган Недељковиќ, утре (петок, 16.9.2011 година) со почеток во 11:00 часот во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга ќе присуствува на меѓународниот научен собир „Браќата Миладиновци и времето на Македонската преродба од XIX век“.

Во 19:30 часот во Центарот за култура  „Браќа Миладиновци“ во Струга, заменик-министерот Недељковиќ ќе се обрати на Свечената академија по повод „150 години од Зборникот на Миладиновци“.

You May Also Like