Утревечер, (четврток, 15 септември 2011 година) со почеток во 20:00 часот, се отвора 9-то биенале на млади уметници во Националната установа „Музеј на современата уметност“, во Скопје.
Темата на ова Биенале „Мртва природа“, еден од најстарите жанрови, кој се покажа како инспиративна за последната генерација млади автори од Македонија.
Покрај почитта кон традицијата во третирањето на овој жанр, повеќето од учесниците се одлучуваат за оригинален пристап кон темата, на студиите на композицијата им се спротивставува субверзивна акција која ја тестира исцрпеноста на жанрот денес.
На 9-то биенале на млади уметници, ќе бидат претставени селектираните дела, од страна на жири комисијата,(Викторија Васева Димеска, претседател, Марика Бочварова Плавевска, Ива Петрова, Мира Гаќина и Благоја Варошанец) која изборот го заокружи со следните млади уметници од Македонија: Матеј Богдановски, Слаџана Богеска, Кристина Божурска, Софија Грабулоска, Ива Диманоска, Филип Достовски, Драгана Заревска, Ана Ивановска, Климентина Јаулеска, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Игор Јосифов, Ивана Лазаревска, Горан Менков, Јован Наумоски, Марија Сотировска, Далибор Тренчевски и Никола Узуновски.
Организација на изложбата: Ива Петрова, Благоја Варошанец и Мира Гаќина.