Македонија во врвот на светскиот рекетлон

Македонскиот бадминтон со своите преставници на светскиот рекетлон турнир IWT Bulgarian International Championship 2014 кој се одржа на 9 и 10 август во Софија уште еднаш ја покажаа својата доминација во овој спорт.

reketlon_badminton_medal

Оваа година ги одмерија силите со светските сениорски натпреварувачи, и иако се сеуште јуниори, Ина Стефановска и Петар Живковски во своите дисциплини стигнаа до финалето и полуфиналето каде со далеку поискусните противници водеа рамноправни борби, но сепак потклекнаа и своите гради Ина Стефановска ги закити со сребрен медал во дисциплина Woman B а Петар Живковски го освои четвртото место во дисциплина Men C.

Во 2012 го освоија 4-тото место во екипна јуниорска конкуренција на светскиот рекетлон турнир, а во 2013 освоија 2 сребра во поединечна јуниорска конкуренција.

„Ова за нас претставува досега најголем успех во сениорска конкуренција, и сите се надеваме дека иако малку фалеше оваа година, идната година на еден ваков светски настан ќе се свири македонската химна при прогласување на победниците“ – изјави Претседателот на македонската бадминтон федерација – Диме Стефановски.

You May Also Like