Промовирана книгата „Битолчанката мајка Шумлјанска“

Во Културниот центар Магаза во Битола беше промовирана книгата „Битолчанката Мајка Шумлјанска“ од Никола Миновски.

majka sumljanska

Сопружниците Захарија и Јулијан Шумлјански работејќи на хуманистичката дејност и на полето на националното дело, станаа големи маченици и страдалници. Годинава се навршуваат 150 години од раѓањето на големата македонска хуманистка и народна дејателка и просветителка Захарија Шумлјанска која го доби најскапиот епитет на човечкиот род – мајка.

Таа беше вистинска мајка на стотици сираци останати од катастрофалните последици од Илинденското востание. Низ улиците и пазарите во Битола скитаа боси, голи и гладни деца – сираци чиј родители загинаа во борбите или беа затворени како и возрасни луѓе чиј села до темел беа опожарени. Захарија наоѓаше време, средства и начини како да им ги ублажи страдањата на децата сираци, на затворените и болните, со храна, облека, лекарства и други средства на гладните и бездомните, вели авторот наместо предговор во дел од својата брошура.

You May Also Like