(ВИДЕО) Слободен пад од вселената на Феликс Баумгартнер

Вчерашниот ден го одбележа слободниот пад на Австриецот Феликс Баумгартнер, при кој достигна брзина од 1173 километри на час, скокајќи од стратосферата.

Со балон и вселенска капсула се искачи до височина од 130.000 стапки (или околу 39.000 метри) и каде што скока и слободно паѓаше 4 и пол минути, пред да го отвори својот падобран. Овој 43 годишен Австриец од Салцбург, ја воодушеви светската јавност, а проектот Ред Бул Стратос се покажа како успешен – голем научен предизвик, а и секако реклама за спонзорот на цел овој проект.

You May Also Like