Нови бисти во Градскиот парк на поранешните локации

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вчера (недела, 10 март) ги промовираше шесте бисти на истакнати личности од македонската историја, кои се поставени во првиот дел на Градскиот Парк.

Станува збор за бисти на истакнати личности од македонската историја, и тоа на Орце Николов, Цветан Димов, Кочо Рачин, Коле Неделковски, Крсте Петков Мисирков и Никола Вапцаров. Бисти од овие личности постоеле и во минатото, но истите се уништетни и однесени во средината на 90-тите години од минатиот век.

Како што ветивме пред неколку месеци, бистите на овие дејци се повторно поставени во Градскиот парк. Апелирам до жителите на Скопје да ги чуваат овие бисти бидејќи истите се значајно обележје на градот Скопје и Градскиот парк. Во насока на нивно зачувување и заштита, поголем степен на заштита ќе посветат и од јавното претпријатие “Паркови и зеленило” – кажа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борците изрази благодарност до Градот Скопје за реализацијата на овој проект, бидејќи со него се дава почит на едни од најграндиозните личности од нашата историја.


Бистите се изработени според идејните решенијата на академските скулптори Беди Ибрахим и Сокол Цфарку од Факултетот за ликовни уметности, по претходно распишан јавен конкурс.

Вредноста на идејните решенија, леењето на бистите и реконструкцијата на постаментите изнесува околу 1,3 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје.

You May Also Like