Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево распишува награден литературен конкурс на слободна тема. Конкурсот е дел од манифестацијата „Вапцарови бранувања“.
Конкурсот ќе трае од 22 ноември до 2 декември. Литературните творби треба да се испраќаат под шифра во еден примерок во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево кај раководителот на литературната дејност.
За кандидатите кои ќе освојат прво, второ и трето место се предвидени награди кои ќе бидат доделени на завршната манифестација „Вапцарови бранувања“, која ќе се одржи во кино салата во Делчево.