Утре (среда, 28 ноември, 2012) во Ректоратот на УКИМ во 10:00 часот, ќе биде одржан свечен собир по повод 100 годишнината од раѓањето на проф. д-р Кирил Пенушлиски.
Институтот за македонска литература, овој настан го одбележува во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
Програма:
Поздравни говори:
проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, в.д. директор на Институтот за македонска литература–Скопје.
Осврти за животот и творештвото на проф. д-р Кирил Пенушлиски:
акад. Блаже Ристовски, Македонска академија на науките и уметностите
проф. д-р Ленка Татаровска, Институт за македонска литература – Скопје
проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“– Скопје
проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје
Раде Силјан, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Кирил Пенушлиски е предвидена со Програмата на Собранието на Република Македонија за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2012.