Листа на претстави и концерти со хуманитарен карактер

Ова е листата на национални установи во кои во следните денови ќе се одржат претстави и настани од кои приходите од продадени влезници ќе се донираат за жртвите од поплавите кои го зафатија Балканот …

ministerstvo za kultura logo

Национални установи во кои во следниот период ќе се изведат претстави или концерт од кои приходот од продадените влезници ќе биде наменет за настраданите во поплавите во регионот.

Македонска филхармонија
3 јуни, вторник, 20 часот, салон на Македонската опера и балет
– концерт на Македонската филхармонија, заедно со студентите од државните факултети за музичка уметност, под диригентската палка на Борјан Цанев

Македонска опера и балет
22 мај, четврток, 20 часот, салон на Македонската опера и балет – опера „Фауст“ од Шарл Гуно, во режија на Марио де Карло од Италија. Во операта, која е во рамките на Мајските оперски вечери, настапува светски познатата солистка Инва Мула, а солист од Србија е Иван Томашев.

Македонски народен театар
22 мај, четврток, 20 часот, салон на МНТ
– претстава „Сината птица“, во режија на Златко Славенски

3 јуни, вторник, 20 часот, салон на МНТ
– Меѓународен театарски фестивал на МНТ, гостување на Народно позориште од Белград со претставата „Народен пратеник“

Драмски театар
22 мај, четврток, 20 часот
– претстава „Евридика“, во режија на Нина Николиќ

23 мај, петок, 20 часот
– претстава „Живот во тесни чевли“, по текст на Душан Ковачевиќ, а во режија на Ненад Витанов

Театар за деца и младинци
25 мај, недела, 12.30 часот
– претстава „Волшебникот од Оз“, во режија на Боњо Лунгов

Театар „Комедија“
20 мај, вторник, 20 часот
– претстава „Женидба“ од Гогољ, во режија на Дејан Пројковски

Театар Битола
20 и 21 мај, вторник и среда, 20 часот, Центар за култура Битола
– претстава „Розенкрац и Гилестен се мртви“, во режија на Никита Миливојевиќ, гостин од Република Србија

Театар Прилеп
23 мај, петок, 20 часот, Центар за култура Прилеп
– претстава „Буре барут“, во режија на Наташа Поплавска

Театар Струмица
29 мај, четврток, 20 часот, Центар за култура Струмица
– претстава „Подземна комедија“, во режија на Деан Дамјановски

Театар Штип
28 мај, среда, 19.30 часот, Центар за култура Штип
– претстава „Мрачна комедија“, во режија на Спасое Миловановиќ (режисерот е од Народно позориште Србија)

Албански театар
19 мај, понеделник, 20 часот, објект на МНТ Центар
– претстава „Сомнително лице“, во режија на Бесфорт Идризи

Турски театар
29 мај, четврток, 20 часот, објект на МНТ Центар
– претстава „Војникот фалбаџија“, во режија на Лука Кортина

Кинотека на Македонија
19-23 мај, проекции со почеток од 12 и од 20 часот
– Детски фестивал за слика и филм „Буф“ кој се одржува во Кинотеката на Македонија, а во соработка со Институтот „Гете“

You May Also Like