Ликовна колонија “Куманово ” – 40 години постоење

На 19 август (вторник), во Меморијалниот центар на АСНОМ во с. Пелинце ќе започне 40 по ред Ликовна колонија “Куманово” …

likovna kolonija kumanovo 2Колонијата ја организира НУ Музеј – Куманово заедно со градоначалникот и Општината. Со оваа ликовна сесија Ликовната колонија ” Куманово”ќе одбележи еден значаен јубилеј – 40 год. постоење. (формирана е 1974 година во конаците на манастирот ” Св. Прохор Пчински ” и се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во Републиката).

Оваа година своето учество го потврдија 17 ликовни уметници од Републиката и регионот. Од Македонија тоа се :Рубенс Корубин, Мирјана Крстева Массетти, Ване Костуранов, Александар Симоновиќ и Мирослава Цветковиќ, додека останатите учесници се :од Р. Србија – Младен Станковиќ, Олга Ѓорѓевиќ, Габријела Паригрос ; како и од Р.Бугарија и Црна Гора.

likovna kolonija kumanovo 1

Уметниците ќе престојуваат и ќе работат сликарство 8 дена. За тоа време ќе ги посетат актуелните археолошки локалитети во близина на Куманово ( Кокино, Визијана и Пелинце ), црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричино, а нивниот престој ке го надополонат и др.забавни и рекреативни содржини. Во знак на јубилејот се очекува богата и разновидна продукција.Колонијата ќе трае до 27 август и ќе биде отворена за сите посетители и љубители на уметноста.

You May Also Like