Вчерашниот ден ќе остане запаметен како уште еден одличен ден во „Градот на културата – Крушево“.
Повеќе од 1 час на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“, се пееше и слушаше македонската песна. Свој концерт одржа еден од најдобрите наши фолк изведувачи, Миле Кузмановски. „Не кани ме“, „Што побарав од тебе, Господе“, се само мал дел од хитовите кои заедно со Миле ги пееше многубројната публика. Круна на се, беа најпознатите македонски евергрини кои на самиот крај Кузмановски, заедно со неговиот бенд одлично ги изведоа.
Денес повторно во „Градот на културата“ царува македонската песна. Во Домот на култура „Наум Наумовски – Борче“ во Крушево беше одржан концерт со македонски поп евергрини. Пред своите сограѓани настапи докажаниот мајстор на гитара, Христу Мулар, кој придружуван од Трајче Органџиев (пијано) и Арсо Јаневски (перкусии), исполни 16 песни кои се вбројуваат во најголемите наши евергрин хитови.