Фестивалот ќе биде отворен со театарската претстава „Сите птици се веќе таму” на германскиот режисер Еберхард Колер. Претставата е копродукција на Шлахтхаус Театарот од Швајцарија и Театр Поколениј од Русија.
Под мотото „Даски и маски“ во петок почнува 8. Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фестивал“ кој ќе трае до 6 ноември 2014.
За време на седумте фестивалски денови ќе бидат изведени осум изведби на седум претстави кои ќе се одиграат на сцените на Младинскиот културен центар и Театар Комедија.
– Неколку даски и неколку маски се сѐ што му треба на еден театар за да направи добра театарска претстава. Се друго е креативност и имагинација, истакна селекторот на фестивалот, Сенко Велинов, објаснувајќи ја идејата за годинашното мото на фестивалот.