Утре (четврток, 6 декември, 2012 година) во 19:30 во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде отворена изложба на на дела од рачно изработена хартија на сликарот на Симон Шемов.
Изложбата е дел од проектот „Кич да/ сте или не“ кој е во организација на Дирекцијата за култура на град Скопје, а поддржан од Министерството за култура на Република Mакедонија.
Целта на проектот е промовирање на уметноста и доближување до широката публика.