Заврши Love fest во Србија

Три фестивалски денови, повеќе од 25.000 посетители, и љубовна енергија која допре до сите држави во Регионот – тоа е билансот на овогодинешниот Lovefest 2014, кој се одржа од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка бања, Србија.

Lovefest 2

Осмото издание на фестивалот, уште во првите 24 часа го сруши рекордот на посетеност на фестивалот, со повеќе од 20.000 луѓе кои влегле на Островот на љубовта.

Честа да го отворат Lovefest 2014, ја имаа Partibrejkersi, додека честа да биде главна ѕвезда на првата вечер ја имаше визионерот и легендата на електронската музика, Jeff Mills. По него, на трите фестивалски дена и трите стејџа се редеа имиња како Mark Knight, James Zabiela, Bad Copy кои настапија заедно со нашиот Гоце САФ, Marko Nastic, Finebassen, Doctor DRU, Rambo Amadeus и многу други музички ѕвезди од регионот и целиот свет.
„Lovefest 2014 беше неверојатен. Кога ја видов масата луѓе пред сцената, едвај чекав да излезам и да го почнам сетот. Почуствував огромна енергија од публиката, на која им возвратив со мојата музика. Одлично искуство по кое ќе го паметам моето гостување на овој фестивал,” изјави Robert Hood, еден од хедлајнерите на првиот фестивалски ден.

Од останатите артисти кои ја воодушевија публиката, Jeff Mills се претстави со 3-часовен сет кој претставуваше спој на дигитален и аналоген звук, додека домашните миленици Marko Nastic и Lea Dobricic со одлични перформанси го затворија Fire Stage-от. Вреди да се нагласи дека покрај Гоце САФ кој настапи со Bad Copy и со свој соло настап, на стејџовите во Врњачка бања, Македонија ја претставуваа и диџеите Горан Кан, Апостолски и Видиновски.

Следната година се очекува и зголемување на бројот на македонски претставници на Lovefest, што ќе биде уште поголем предизвик за македонците да бидат дел од фестивалот во уште поголем број.

Организаторите, задоволни од овогодинешниот рекорден Lovefest, најавуваат уште помоќен музичко-сценски спектакл, иако и овогодинешното издание покажа дека најљубовниот фестивал на Балканот и тоа како успеа во својата намера – да го рашири љубовниот флуид низ целиот регион!

Lovefest 7

Lovefest 8

You May Also Like