Утре (13 март, среда) со почеток во 20:00 часот на сцената во МОБ ќе се изведе познатиот балет од Адолф Адам „Жизел“.
Балетот Жизел е романтично-фантастичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореографија на Леонид Лавровски од Русија, сценографија на Милета Лесковац обновена од Зоран Костовски, костимографијата е на Александар Ношпал и концерт мајстор Климент Тодороски.
Во улогата на Жизел ќе настапи првенката Марија Кичевска, во улогата на Алберт ќе настапи првенецот Бобан Ковачевски, како Мирта ќе настапи солистката
Ивана Коцевска, Хиларион – Драган Кочоски и па де де кое ќе го изведат солистите Андријана Јаневска и Игор Веланоски.
Настапува балетскиот ансамбл и оркетстарот при МОБ