Утре (вторник, 4 септември) во Музејот на современата уметност во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Приказната за изгубениот рај“ на авторот Марина Лешкова.
Од самиот почеток Лешкова развива еден индивидуален вид експресионизам. Преку историско-уметничките реминисценции на македонската средновековна уметност, оформениот и искажан однос кон иконата, симболично и интелектуално, но сепак ликовно прикажано со сцени од христијанската религија, а сега веќе во еден поинаков стил и тема која ни го наговестува рајот, за саканато и изгубеното.
Ќе бидат изложени 33 дела, акрил на платно и на даска. Куратор и организатор на изложбата е Ива Петрова.
Изложбата ќе биде отворенa до 21 септември оваа година.