Изложба „Етно приказни“ од Хаџи-Николов во Велес

Изложбата „Етно приказни“ на академскиот сликар Драги Хаџи-Николов – Аџи вечерва во 20:00 часот ќе биде отворена во ликовниот салон при Народниот музеј во Велес.

„Етно приказна“  се состои триесетина дела, масло на платно, создавани минатите две години. Во делата доминира мртвата природа, а изложбата ќе ја отвори Јордан Плевнеш.

Хаџи-Николов дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство во класата на Душан Перчинков. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија. Има остварено триесетина самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувал на повеќе групни изложби и колонии.

You May Also Like