Литературната авантура стартува утре со продажна промоција на новиот превод на германскиот писател Бернхард Шлинк, романот „Гордиевата врвка“ – најчитаниот автор во прозната едиција ПРОаЗА. Шлинк е автор и на бестселерот „Читачот“.
Во текот на ЛЕТНИТЕ ПРИКАЗНИ ќе бидат издадени уште неколку романи од Ханиф Курејши (Нешто да ти кажам), Елфриде Јелинек (Алчност), Ахмед Хамди Танпинар (Институт за мерење на времето)…
Книжевната авантуратрета година по ред го носи препознатливото мото – ЛЕТНИ ПРИКАЗНИ СО ИЛИ-ИЛИ, а ќе трае се до 1 септември.
——————————————————–
Бернхард Шлинк е роден 1944 година во Билефелд. Живее во Бон и во Берлин, каде работи како професор по право на универзитетот “Хумболт”. Со романот “Читачот” во 2001 година стекна светска популарност. Досега ги објави и романите “Враќање дома” и “Викенд”, како и збирките раскази “Бегства од љубовта” и “Летни лаги”, сите издадени и на македонски јазик од ИЛИ-ИЛИ.
Романот “Гордиевата врвка”, кој е напишан пред “Читачот” и кој ја доби угледната книжевна награда “Глаусер”, укажува на наклонетоста на Шлинк кон политички теми, детективски заплети и психологија на ликовите, сето тоа раскажано со неговиот препознатлив раскажувачки стил и прекрасен јазик.