Денеска (недела, 6 јули) со почеток во 21:00 часот на сцената на Долни сарај со настап на Националниот ансамбл за песни и игри на Македонија „Танец“ свечено ќе започне 53-от Балканскиот фестивал на народни песни и игри кој ќе трае до 11 јули.
По настапот на „Танец“ следува настапот на ансамблот “Неврокопски” од Гоце Делчев– Бугарија.
Програмата продолжува в понеделник (7 јули) кога настапуваат:
-Ансамбл “Петар Зрински” Видовец – ХРВАТСКА
– МКУД “Александар Македонски III” од Мелбурн , АВСТРАЛИЈА
– МКУД “Илинден” од Мелбурн, АВСТРАЛИЈА
-Андамбл “Хора Ашкелон” Тел Авив – Израел