Гуру Харе го отвора „Блуз и Соул фестивалот 2012“

Седумнаесеттиот „Блуз и соул фестивал“ вечер (вторник, 18 септември) во 20:30 часот ќе го отвори блуз-гитаристот Игор Атанасовски, познат како Харе.

Харе ќе настапи со својот бенд: Златко Михајловски-Бумбар на тапани, басистот Трајко Симоновски-Таци, Жарко Пејковски, кој ќе биде задолжен за електрониката и клавијатуристот Петар Лукиќ.

Гуру Харе и неговиот бенд ќе се претстават со нов авторски материјал  – песни што ќе се најдат на албумот чиј работен наслов е „Мафе дел Хар“, а чие излегување е планирано за крајот на годинава.

Првата вечер ќе биде заокружена со настапот на американскиот вокалист и гитарист Маркус Мелоун и неговиот придружен состав.

Втората вечер,тематски му е посветена на ненадминатиот гитарски херој Џими Хендрикс.

 

You May Also Like