Започна 33-тото издание на Скопско лето

Со синоќешниот концерт на Софиската филхармонија во Салонот на Mакедонската опера и балет беше означен старот на 33-то Скопско културно лето.

Концертот беше под водство на диригентот Борјан Цанев, со солистички настап на Анна Кондратенко, а реализиран во соработка со Културно информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. Меѓународната културна манифестација СКОПСКО ЛЕТО 2012, традиционалано почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката.

Отворањето беше означено и со уште еден културен настан, Меѓународна  изложба на цртежи ПОВРЗУВАЊА -СКОПЈЕ-НИШ-СОФИЈА, отворена синоќа во Културно-информативниот центар во Скопје.

Вечер во 20:00 часот под Камениот мост стартува традиционалниот Меѓународен студентски фолклорен фестивал во организација на АКУД „Мирче Ацев“, а со настап на Танцова формација при „Капаниски ансамбл“ Бугарија, Фолклорен ансамбл „Оро“ – Ниш, Србија, КУД „Бикавец“- Босна и Херцеговина и др.

Во 21:00 часот во Македонската опера и балет е концертот на Солистите при МОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

You May Also Like