Вечерва почнуваат „Лица без маски“

Вечер (петок, 12 септември) во 20:00 часот во Универзалната сала започнува седмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“.

Lica Bez Maski-2014

 

Фестивалот ќе го отвори претставата „Плацебо“ на Танцовиот театар Танцов театар/НБУ, Софија, Бугарија, чиј автор и режисер е Ана Панпулова.

“Ништо не е црно и бело… Вистината е во средината, меѓу нијансите на белото и црвеното , левото и десното, горе и долу. Седмото издание на ИТФ „Лица без маски“ под мотото „Вистината е на средината“, годинава посветено на европската, но и македонската независна професионална тетарска продукција, ќе ја понуди поинаквата слика за современото битисување, за новите светогледи и различните вистини.

Организатор на фестивалот е независната продукција Театар 007.

You May Also Like