Disco Fever со Филхармонија

На 20 јуни 2013 година (четврток) во градскиот парк, Македонската филхармонија и Младинскиот Културен Центар, ќе го организираaт веќе традиционалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“.

Македонската филхармонија, под водство на исклучителниот диригент Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе се претстави со концертот насловен DISCO FEVER, исполнувајќи безвременски хитови од ABBA, Gloria Gaynor, Michael Jackson, Bee Gees и многу други, кои моќно ќе прозвучат во нивните симфониски аранжмани.

Спектаклот ќе го надополнат ликовните перформанси на уметниците Тони и Емил Шулајковски, а присутните ќе добијат на подарок примерок од книгата „Еден ден ќе се сретнеме“ од реномираниот македонски поет Никола Маџиров.

You May Also Like