Отворена фотографската изложба „Душа“ во Крива Паланка

Во Локалната установа „Градски музеј“ во Крива Паланка синоќа се одржа меѓународната изложба на фотографии „Душа“.

kriva palanka

Изложбата, втора по ред, има натпреварувачки карактер. Ја организира Фото-кино клубот „Види“ од Крива Паланка во соработка со Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово.

Изложбата е под патронат на сите светски фотографски огранизации како што се интернационалната Федерација на уметничка фотографија, Интернационалната асоцијација на уметнички фотографи, Меѓународни обединети фотографи,…

Во Градскиот музеј се изложени 50 уметнички фотографии.

Изложбата ќе биде отворена во наредните 10 дена.

You May Also Like