Откриена некропола на Хераклеа Линкестис

Од Националната установа „Завод и Музеј-Битола“ информираат за нови пронајдоци на некропола која се наоѓа на денешната рекреативна зона Тумбе Кафе, на северната страна од античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

Се рабаботи за една од некрополите на Хераклеја, кои континуирано се истражуваат уште од 2004 година, кога биле пронајдени четири гробови на Тумбе кафе, локација на потегот меѓу Буковските гробишта и Зоолошката градина, а денес вежбалната на Тумбе Кафе.

– Северната некропола на Хераклеја се шири од постоечките „Буковски гробишта“ кон Тумбе Кафе каде вршиме ископувања и истражувања, на местото каде што сега се наоѓа вежбалната. Во еден мал простор со површина од 36 квадратни метри пронајдовме 6 гробови од типот тегули имбрекси, или гробови покриени со керамички плочки кои датираат од крајот на 4 век, односно тоа е периодот на животот на Хераклеја во осиромашување, посочи археологот Аница Ѓоргиевска.is

На античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, според археолозите истражени се само една четвртина од целосната површина. Неодамна беше откриен Римски гимназион кој со конзервација и реставрација се очекува за неколку години да биде атрактивен како базиликалните простори и други објекти во тој локалитет, информираат од НУ Завод и Музеј-Битола.

You May Also Like