Во киното „Мис Стон“ во Прилеп вечер од 19 часот ќе бидат прикажани два краткометражни филма на двајца студенти по филмска режија од трета година на Уневерзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје, во класата на проф. Сашо Павловски.
Филмот „Жици“ е во режија на Кирил Каракаш од Прилеп, кој е и автор на сценариото. Вториот филм „Суштинско патување“ е по сценарио и во режија на студентот Светислав Подлешанов.
„Жици“ е приказната за електроинженер кој по 15 години се буди од кома. Играат Игор Ангелов, Трајанка Илиева-Таци и Кирил Коруновски. „Суштинско патување“, пак, е приказна за десетгодишно момче, и улогите ги играат Дамјан Читкушев, Благица Димитровска, Љубен Најдовски, Иван Јерчиќ, Маја Андоновска, Ирина Кузевска и Ивана Ѓеоѓиевска.
Проекциите се соработка меѓу Центарот за култура од Прилеп и Универзитетот ЕСРА, во чија продукција се снимени филмовите.