Одржана трибина за „европските вредности“ во македонските медиуми

Денеска (петок, 27 јуни) во Хотелот Континентал во Скопје беше одржана трибина за новинари граѓани насловена „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“. Трибината е завршен дел од истоимениот проект на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) поддржан од УСАИД.

cult_center

 

Проектот е реализиран во период од осум месеци и беше опфатено истражување и анализа на поимот „европски вредности“ во шест македонски печатени весници во периодот од 2009-2013 година.

На трибината се обратија проф.д-р Лорета Георгиевска Јаковлевска – претседател на ЦККС и проф.д-р Мишел павловски, потпретседател.

Новинарите и граѓаните беа запознаени со поимот европски вредности (согласно Лисабонската декларација) и со тоа кои карактерискитки (обележја/атрибути) тој ги содржи. на дебатата се поставија прашања за тоа дали и колку граѓаните се информирани за европските вредности и колку се задоволни во донос на покривањето на ова прашање од страна на медиумите.

You May Also Like