По повод денови на екологијата и денот на пролетта, Општина Гази Баба се вклучува во кампањата на Градот Скопје чија замисла е да го направиме град на белите рози, со засадување на бели рози.
Кампањата е поттикната и од резултати од Студијата под наслов Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје , реализирана во 2 фази во 2002 година на територија на град Скопје. Предмет на испитување се почви, рози (цветови и листови) и треви на иглолисни растенија, листопадни растенија со покрупни листови и листопадни растенија со поситни листови.
Како заклучоци од Студијата се препорачува користење на фиторемедиација кој е метод на користење на одредени видови на растенија кои имаат способност да ги задржат и акумулираат штетните елементи (тешки метали) од водата, воздухот и почвата. Розите, се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количества на олово и кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето. За таа цел, се препорачува нивна примена односно препорака за нивно засадување на сообраќајниците во Градот Скопје да бидат збогатени со рози, затоа што имаат повеќекратно дејство. Розата го извлекува оловото од почвата и го концентрира така што оневозможува тоа натаму да излегува од растението и да се врати во средината.
Градоначалникот Тони Трајковски ќе посади рози заедно со бизнис секторот (Алкалоид, Скопски легури, Макстил, Миталстил, Републички Катастар) на булеварот Александар Македонски, на 21.03.2013 година, (четврток) во 11:00 ч. во непосредна близина на ЈСП Скопје.