„Крушево етно – град 2014“ во полн ек

Случувања и настани на манифестацијата „Крушево етно – град 2014“ на 30 – 31 јули 2014 година …

baba rada vo krushevo

Проучувањето и употребата на лековитата моќ на билките, го привлече вниманието на народот. Баба Рада ја промовираше својата книга во етно – градот и на крушевчани им „подари“ 250 рецепти за зачувување на здравјето по природен пат.

Вечерта беше резервирана за ансамблот за народни инструменти и песни „Стевче Стојковски“. Публиката уживаше во 70 минутниот концерт, кој изобилуваше со песни и ора кои потекнуваат од пиринскиот дел на Македонија.

Stevce Stojkovski Krushevo

Денес во 18:00 пред Столбот на крушевската република, свечено ќе бидат дочекани коњаниците кои ќе пристигнат од различни делови на нашата земја.

Во 20:00 часот на градскиот плоштад започнува богатата културно – уметничка програма со која ќе се означи и крајот на манифестацијата „Крушево етно – град“. Први ќе започнат најмладите, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од општина Аеродром – Скопје, кои специјално за етно – градот подготвија неколку драматизации. Вечерва во Крушево ќе заиграат и играорците од КУД „Лисиче“ – Скопје, но и ќе запеат Перо Цаца и Рубинчо Благадуша.

Германија, Норвешка, Холандија, Шведска…се само дел од земјите од каде доаѓаат играорците кои учествуваат на летниот фолклорен семинар, кој традиционално се одржува во Крушево за времетраењето на „етно – градот“. Семинарот е под водство на Сашко Анастасов и ансамблот „Вила зора“. Како европјаните ги играат македонските ора, ќе дознаат сите оние, кои ќе присуствуваат на нивниот настап, во рамките на свеченото затворање на манифестацијата „Крушево етно – град“.

krushevo etno grad

И покрај тоа што вечерва завршува манифестацијата „Крушево етно – град“, градот нема да мирува. И во следните денови ќе остане атрактивна туристичка дестинација, збогатена со прославата на „Илинден“ и започнувањето на Научно културните средби „10 дена Крушевска Република“.

You May Also Like