ДМБУЦ со успешен настап во Москва

Во периодот од 13 до 17 декември 2012 г. Државната буџетно образовна институција за дополнително образование на децата на градот Москва Детското Музичко Училиште С.М.Майкапар, кое е под управа на културата од Северо- Западната административна област на градот Москва, спроведува VI фестивал- конкурс на млади пијанисти и органисти “Деца на Русија на XXI век”.

 

Фестивалот е под покровителство на одделот за култура на град Москва, од државната буџетно образовна институција, како дополнително професионално образование “Методски Центар за обука и развој на образованието во делот на Kултурата”.

Директорот на ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” од Скопје г- дин Јован Бицевски, беше поканет и оваа година како и минатата, да учествува со ученик од неговото училиште на овој фестивал- конкурс од Директорот на Државната буџетно образовна институција за дополнително образование на децата на градот Москва Детското Музичко Училиште С.М.Майкапар г- дин Владимир Николаевич Вовченко (член на жири на Меѓународниот арт фестивал Езерски Бисери во Македонија).

На фестивал- конкурсот учество земаа деца од основните музички училишта од Москва како и Кристијан Мирковски- пијано, ученик во петто одделение vo класата на проф. Станислава Поцевска во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” од Скопје, Македонија.

Тој се натпреваруваше во средната категорија, возраст од 10- 12 години и е победник на својата категорија како и асолутен победник на целиот фестивал.
Жири комисијата беше составена од видни руски уметници, Вера Б. Носина професор на Руската Академија за музика Гнесина, А.Е. Майкапар заслужен артист на Руската Федерација, Галина С. Журавлева Заслужен артист на Руската Федерација.

Во рамките на фестивалот се одржа концерт “Топло срце” каде учествуваа деца со ограничени физички можности, на кој и Кристијан Мирковски зема учество со композицијата Скерцино од С.М.Майкапар, а кој се одржа во Музејот Островски во Москва.
По завршувањето на натпреварот се организираше завршен концерт на победниците во Музејот Глинка.

На патувањето беше и г-дин Марјан Катароски Директор на Меѓународниот арт фестивал Езерски Бисери во Македонија кој се одржува во август месец во Струга и е исто така Претседател на Светската Асоцијација на Фестивали.

You May Also Like