Трета фестивалска вечер на „Илинденски денови“ во Битола

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ на третата фестивалска вечер ќе понуди староградска музика и игра која ќе се реализира на летната сцена на Домот на АРМ во Битола …

ilindenski denovi 2014 2Програмската вечер ќе ја отвори музичката група „Распеани крушевчани“, а освен нив ќе настапат пеачките групи „Весела тајфа“-Богданци и “Распеани гевгеличани“, староградската група „Сирма Војвода“-Битола, здруженијата „Распеани велешани“ и „Распеани валандовчани“ како и градскиот хор од Штип.

-Музичката јавност во Битола вечер ќе има можност да го погледне и слушне и младиот виртуоз на хармоника Бјорн Петер Тосе од Осло, Норвешка кој ќе отсвири и македонски песни и ора. Овој млад хармоникаш, студент на норвешката музичка академија во Тронтхајм свири 30 македонски песни и ора, а вечер ќе го исполни орото „Битолчанка“ од Слободан Димитров, истакна Валентин Соклевски, селектор и режисер на фестивалските вечери.

Во текот на денот на фестивалот „Илинденски денови“ ќе се одржат манифестациите „Напладне во чаршија“ и креативната работилница „Направи и понеси сувенир со битолски народен вез“, а во 22 часот во културниот центар „Магаза“ ќе бидат емитувани етно филмови.

You May Also Like