Концерт на солистите на оркестарот при МОБ

Утре вечер (петок, 22 јуни) на големата сцена во Македонската опера и балет со почеток во 21:00 часот ќе се одржи концерт на солистите на оркестарот на МОБ. На програмата ќе се најдат дела од Шуман, Брух, Шостакович, Росауро, Сарасате.

Македонска опера и балет
Македонска опера и балет

Како солисти ќе настапат: Кирил Јосифов (виолончело), Владимир Димовски (виола), Игор Бакревски (кларинет), Андреј Наунов (пијано), Бојан Талески (виола), Фросина Богданоска (виолина), Влатко Ѓорѓиевски (маримба), Божидар Пејиќ (виолончело), Климент Тодоровски (виолина).

Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.

You May Also Like