Критична маса бр. 28 ќе се одржи утре (среда, 27 август 2014) под слоганот „Повеќе патеки за помалку несреќи“.
Од Критична маса велат: „Овој месец тема ни се патеките за велосипеди кои му се потребни на Скопје.Колку пати ви се случило да излезете со точак и да смислувате различни рути како да стигнете до одредено место за да го избегнете градскиот метеж? И на крај единствена опција за тоа ви е кејот на Вардар или можеби буткање низ локалните улички.
Зар не ви е здосадено да мора да се симнувате и качувате од велосипедска патека затоа што истата е со дупки, има поставено канти, знаци, паркирани коли или воопшто ја нема?
Скопје има велосипедисти и сака квалитетни вело патеки! Сакаме да одиме на точак до работа, до продавница, да ги пратиме децата на точак до школо и при тоа да бидеме сигурни дека се безбедни. Имаме право да возиме на безбедни велосипедски патеки!“ – потенцираат организаторите.