Во организација на Амбасадата на СР Германија, во соработка со Центарот за култура Битола денеска (25 мај) во малата сала на Центарот за култура во Битола, ќе биде реализиран концертот на дуото Аксел Цвингенбергер и Винс Вебер од Германија, влезот е слободен.
Дуото Цвингенбергер-Вебер свири вуги-буги и блуз за пијано и е на регионална турнеја. Покрај концертот во Центарот за култура Битола денеска (25 мај) во малата сала на Центарот за култура, утре (понеделник, 26 мај) во 20:00 часот настапува во Даут пашиниот амам во Скопје.