Три дена до Аква парк фест

Тридневниот Аква Парк Фест ќе се одржи од 28ми до 30ти август во Пробиштип, на локацијата на првиот Аква парк во Македонија, со програма со повеќе од 40 изведувачи.

aqua_park_festival_tret_den

Организаторите на Аклва парк фест најавуваат: „Време е да го разведриме сопственото секојдневие и да се препуштиме на незаборавното тридневно искуство со извонредната музичка програма на фестивалот и уживањето во аква паркот, кампувањето во природа и разновидните забавни содржини на ова несекојдневно фестивалско издание. Во искчекување на илјадниците ведри фестивалџии, ве известуваме дека веќе сè е подготвено за Аква Парк Фест да биде забавата од која ќе ги понесете најдобрите спомени и која годинава ќе биде запаметен по рекордниот број на посетители.

Гаранција дека пред нас е ново извонредно музичко доживување се и ѕвездите на Аква Парк Фест кои ги најавија своите сензационални настапи на овој фестивал. Музичката програма ќе се одвива константно за време на 72 часа од трите фестивалски дена, а ќе биде распределена на три фестивалски бини: Дневна бина (12:00 до 19:00 часот), Главна бина (од 19:00 до 06:00) и „Афтер парти“ бината (од 06:00 часот). Првиот ден на фестивалот, публиката ќе има задоволство да ги проследи настапите на ѕвездитете како ЈОРИС ВОРН, ТИМО МАС, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, „ФАНКЕРМЕН“, а покрај нив ќе настапат и „Грамофонџие“, „ПМГ колектив“, „Паркети“,„Дивизија“, „Базел“, „Флудер“, Гето Руди, „Гејм Овер“, „Палиндром“, „Екс-ју“ и диџеј Адо. Во петок главната бина на Аква Парк Фест ги пречекува ѕвездите од калибарот на ЏОН ДИГВИД, ДАРЕН ЕМЕРСОН, „БЕД КОПИ“, „ДИСЦИПЛИН А КИЧМЕ“, „ГРАМОФОНЏИЕ“, а ним во програмата за овој ден ќе им се придружат и „ЕЛЕМЕНТАЛ“, „ХАРДФЕЈСД“, „Прок&Фитч“, „Блексоул“, „Сашо Рејсид“, „Рутбој“, „Бранчез“, „Плава“, „Приземје“ и дицеј Цобе. Главната бина на третиот фестивалски ден е резервиран за атрактивните „бек ту бек“ битки на претставниците на македонската електронска сцена. Возбудливите сетови во сабота вечер на Аква Парк фестивал ќе ги престават Ајсберг б2б Лефанк (Iceberg b2b Lephong), Алек Солтиров б2б Милан Серафимов, Стефано б2б Цобе, Виш.ко б2б Феки Фарис (Wish.ko b2b Fecky Farris), Маци б2б Александар Мишкоски, Мацки б2б Васо, Ненат Омен б2б Кристијан Петровски (Nennat Omen b2b Kristijan Petrovsky), а во дневната програма во сабота ќе ги видиме и диџеите Стефано, Ацика и Бабура“ – велат од организацијата на фестивалот.

You May Also Like