Денеска (недела, 23-ти февруари), во Поградец, Албанија ќе биде промовирана новата книга на охридскиот автор Мишо Јузмески, „Сто години копнеж“. Промоцијата на книгата е по покана од македонското друштво „Преспа“ од Поградец раководено од претседателот Јован Шкемби.
На средбата се поканети учениците од курсот по македонски јазик којшто е организиран од друштвото „Преспа“, како и други жители на градот Поградец кои се заинтересирани за поблиско запознавање со македонскиот литературен јазик и македонската литература.
На промоцијата за творештвото на авторот Мишо Јузмески ќе зборува охридскиот книжевник Тоде Илиевски, а преку својот осврт м-р Лидија Размоска ќе ја претстави книгата „Сто години копнеж“.