Креативна работилница за изработка на привезоци со ендемските животни

Проект-платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“ во соработка „Зоолошка градина“-Скопје и „СЕМОС“ едукативниот центар, претстојните викенда, ќе ја отпочнат креативната работилница за „Илустратор“ чија цел е изработка на картолина и приврзоци со ендемските животни од Р. Македонија.

barajki_go_risot1

Работилницата ќе се одржи два викенди и тоа: 1 и 2, како и на 8 и 9 ноември, во Зоолошката градина во Скопје.

Царскиот Орел, Мечкaта, Рисот, Пастрмката, Египетскиот мршојадец и уште многу ретки животински видови кои ги има на нашето тло, наскоро ќе добијат препознатлив промотивен материјал, преку кој најмладите и возрасните ќе можат да научат и спознаат повеќе за нивното значење.

Млади креативци од средните училишта во Скопје, заедно со студенти и веќе докажани автори во областа на графичкиот дизајн, во текот на работилницата по пат на совладување вештини за работа со „Илустратор“, ќе создадат конкректни производи за потребите на „Зоолошка градина“, како што се: картолина (на која ќе бидат истакнати ликовите од ендемските животни) и приврзоци (со ликовите на ендемските животни).

На овој начин, „Скопје креатива“ и „Зоолошка градина“-Скопје, во соработка со „СЕМОС“ едукативниот центар, сакаат да дадат придонес во заштитата на ендемските животни во нашата земја. Воедно и популаризација на значењето за заштита на животната средина, промоција на истите пред пошироката јавност, а исто така совладување современи комјутерски вештини во насока на создавање конкретни производи и услуги од областа на креативните работилници.

You May Also Like