Македонскиот уметник Зоран Попоски победник на Artslant Showcase

Македонскиот ликовен уметник Зоран Попоски е еден од победниците во Шестиот натпревар Artslant Showcase, во категоријата Апстракција, со сликата “Ветување” (2014).

vetuvanje_zoran_poposki

Artslant Showcase е меѓународна уметничка награда што ја доделува најголемата светска онлајн мрежа за современа уметност, дизајнирана за изложување и промоција на талентирани светски уметници.

Зоран Попоски е трансдисциплинарен уметник со повеќе од 60 реализирани меѓународни самостојни и колективни изложби.

You May Also Like