Закажано отворањето на Cineplexx кино-салите во Сити мол

Со двојната премиера на 3Д авантурата „Животот на Пи“ и новиот Џејмс Бонд „Небесен пад“, австриската кино-групација Cineplexx (Синеплекс), заедно со партнерите МЦФ Филмс и Континентал Филм, ќе го отвори своето ново кино во Македонија. Отворањето ќе се одржи на 22 ноември во Скопје сити мол.

Деветте сали, кои се дел од Скопје сити мол, се опремени со фасцинантна опрема и 3Д технологија, овозможена од „Реал Д“ и ги имаат најголемите екрани во Македонија. Најголемиот екран има димензии 14 х 7,6 метри и е поставен во најголемата сала со капацитет од околу 300 седишта. Вкупниот капацитет на салите е нешто над 1.400 седишта.

You May Also Like