Утре (сабота, 22 сепетември, 2012 година) во 11:00 часот во тенискиот клуб „Евро Сет“ на Зајчев Рид, прес – конференција ќе одржи Мото клубот „Ангели Чувари Ем-Си“ (Guardian Angels MC ).
На конференцијата ќе бидат најавени двете крводарителски акции кои Клубот ги организира в недела (23 септември, 2012) во Скопје (Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“) и во Струмица (Трансфузиологија). Истиот ден во клубот и хотелот „Евро Сет“ ќе се одржи и забава за сите што учествувале во крводарителската акција во „Даре Џамбаз“.
Инаку Мото клубот „Ангели Чувари Ем-Си“ е дел од традиционалните македонски клубови познати како Ем-Си (MC).
Ова е втора година по ред како организираат вакви акции, а целта е да прераснат во традиционални.