Филмовите „Митот на Сара“ во режија на Саша Станишиќ, „Играта заврши“ на Зоран Мишевски, „Крајот на светот“ на Јани Бојаџи и „Народен фронт 22“ на Иван Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на фестивалот „Источни соседи“ што се одржува од денеска (четврток, 1 ноември, 2012) до 9 ноември во Хаг, Холандија.
Прикажувањето на македонските филмови во Холандија, како што соопшти Здружението на граѓани „Јавна соба“ е реализирано во соработка со Македонскиот филмски фонд, а селекцијата е на уметничкиот директор на фестивалот, Рада Шешиќ.
Програмата предвидува 32 филма од кои 80 отсто се холандски премиери, а преку останатите публиката се запознава со културата на земјите учеснички.