Наградени најдобрите инстаграм фотографии

Заврши првиот награден инстаграм фото конкурс во Македонија, насловен како ONE #Letogram.

На официјалното отворање на изложбата со фотографиите пристигнати на конкурсот кое се одржа на 19 септември во градското кафуле „Круг“ во Дебармаало, ОНЕ ги додели наградите на авторите на најдобрите три инстаграм фотографии: Александра Христова ја освои правата награда HTC ONE V, а Љубомир Живановиќ и Саша Лилчиќ кои со еднаков број на гласови го делат второто место, добија мобилни гаџети, фото објектив за мобилен телефон.

ОНЕ му додели награда и на Енкел Дика за најдобра композиција на фотографии.

ONE #Letogram започна на Светскиот ден на инстаграмџиите, 26 јули. Во изминативе месец дена,  на конкурсот пристигнаа повеќе од 2.500 фотографии  од над 300 автори, а за најдобра инстаграм фотографија гласаа над 1.000 луѓе.

По лансирањето на ONE #Letogram  користењето на инстаграм апликацијата бележи позитивен тренд, а според статистиките за Македонија на провајдерите на апликацијата, инстаграм станува една од најсимнуваните апликации.

Изложените фотографии во кафе „Круг“ ќе можат да се видат до недела 23 септември, a останува и можноста сите фотографии да се погледнат и на www.letogram.mk.

 

You May Also Like